На преминот „Богородица“ се излегува и влегува на пет ленти, се чека околу еден час

Од:

На преминот „Богородица“ се отворени пет ленти за излез од државата и пет ленти за влез во државата. Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки. За излез од државата се чека околу еден час.

Како што соопштија од МВР, на граничниот премин „Богородица“ во периодот од 10 часот вчера до 10 часот денеска влегле 4.470 македонски државјани, а излегле 2.442 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани влез во нашата држава оствариле 689, а 5.988 ја напуштиле нашата држава.

На граничниот премин „Табановце“ се отворени пет ленти за влез во државата. Во периодот од 10 часот вчера до 10 часот денеска влегле 2.743 македонски државјани а излегле 2.246 македонски државјани. Во нашата држава преку овој граничен премин влегле и 2.515 странски државјани, а 3.866 ја напуштиле државата.

Би можело да ве интересира

Гужва на „Табановце“, „Пелинце“ и „Богородица“, се чека и по повеќе од еден час

Горан Наумовски

На „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица

Десетици илјади граѓани оствариле влез и излез од државата на преминот „Богородица” во последните 24 часа

Колони возила на „Богородица“ за излез од државата

На „Богородица“ се чека околу 15 минути