Во Охрид конференција на правобранителите од државите во регионот

Од:

Предизивиците кои се јавуваат во работата на народните правобранители и антидискриминаторските тела во заштитата на човековите права и слободи, со посебен акцент врз случаите на дискриминација на маргинализираните групи, е главната тема на расправа на конференција на правобранителите и антидискриминаторските тела на државите од регионот што денеска и утре се одржува во Охрид.

Како што нагласи Маркус Ролофс, раководител на Одделот за човекова димензија од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, мошне е важно луѓето да разберат дека дискриминацијата води кон сегрегација, маргинализација и чувство на исклученост.

– Исклученоста како таква е мошне скапа, бидејќи води кон ерозија на општеството, во најлош случај да влијае и врз стабилноста. Оттаму важноста добро да се разбере што всушност претставува дискриминацијата, како се јавува и како може да се спречи. Затоа ги поддржуваме соодветните институции во нивните активности, но и ги повикуваме граѓаните да ги користат механизмите кои им се на располагање за заштита на правата и слбодите бидејќи со таквите постапки самите граѓани ќе придонесат за одржување на стабилноста на општеството, остварување нас воите права и ќе се спречат еветнуалните појави на дискриминација во иднина, нагласи тој.

Народниот правобранител во Република Македонија Иџет Мемети, истакна дека ваквите средби помагаат во развивањето на вештините на оние што работат на односната проблематика, во превенцијата и заштитата од дискриминација.

– Тука ќе бидат презентирани добрите практики, различните искуства на општествата во регионот, што е мошне важно оттаму што овој феномен како појава е присатен во секое од нив, истакна Мемети.

Во Македонија народниот правобранител е уставен принцип, а постои и Комисија за превенција и заштита од дискриминација. Но, според статистиката и кај двете институции мал е бројот лица кои бараат заштита од дискриминација. Поголем е бројот случаи лица кои побарале заштита, за потоа да се откажат од натамошно остватрување на нивните права.

– Тоа е последица на фактот што граѓаните во доволна мера немаат познавање или не можат да ги препознаат формите на дискриминација. Тоа е знак дека ние како ооштество треба да работиме кон промоција на правата на граѓаните, особено на развивање проекти кои граѓаните ќе ги доближат кон тоа на полесен начин да ги препознаат појавите на дискриминираност, а потоа да бидат и охрабрени истото да го пријавуваат пред надлежните тела за заштита, нагласи Мемети.

Конкретно за состојбите во Република Македонија, Мемети нагласи дека последните години е забележан мал раст на случаите во кои граѓаните бараат заштита од дискриминација. Најмногу случаи на дискриминација има врз етничка припадност, со карактеристика да зголемува и бројот случаи на дискриминираност врз политичка основа, што е најмногу изразено во изборните години.

– Македонија има различности од останатите држави кога е во прашање дискриминацијата, но многу и сличности, така да проблемите кои се јавуваат во нашето општество се чести и во другите општества, пред се дискриминацијата врз етничка основа. Факт е дека во сите држави од регионот бројот претставки врз дискриминација е сличен или ист, сите имаат мал процент на пријавени случаи на дискриминација, додаде тој.

За институцијата Народен правобранител во Македонија Мемети рече дека од формално-правен аспект таа е одлично поставена, но го посточи фактот што како институција ја нема како инструмент промоцијата на човековите права и слободи.

– Сметам дека се созреани условите институцијата да ги промовира човековите права и слободи, а со тоа и да развива проекти за запознавање на граѓаните со формите на дискриминацијата. Независно добрата законска поставеност, инструменти кои ги има институцијата, сепак практикувањето, спроведувањето на законите е најтешката работа. Оттаму потребна е не само едукација на граѓаните, туку и на институциите кои одлучиваат за правата на граѓаните и на администрацијата како сервис на граѓаните, да имаат поголеми сознанија за човековите слободи и права, да ги насочат своите активности кон зајакнување и надградување на тој сегмент од општеството.

Би можело да ве интересира

20 претставки за загадениот воздух стигнале кај Народниот правобранител

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Повреда на избирачко право, утре ќе може да се пријавува на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Народен правобранител: Најдовме готови документи на граѓани, а МВР нема увид дека се подигнати

Горан Наумовски