ВМРО-ДПМНЕ: 2 август 1903 и 2 август 1944 ќе останат впишани како темелници на Македонија

Од:

2 август 1903 и 2 август 1944 ќе останат впишани како темелници на Македонија. На денешен ден пред 121 година народот го крена својот глас за слобода. Организирано, сплотено и со една мисла, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Илинден ги сплотил сите под бајракот на слободата, слободата која ја живееме денес, е плод на искрата кој тогаш беше запалена, а се реализира 41 година подоцна на 2 Август 1944 година. Македонија денес е слободна, но борбата продолжува, за напредок, поубава иднина за сите. Следуваат години со успешна и плодна работа за Македонија. За иднините генерации да наследат Македонија посовршена од тоа што сме наследиле ние“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот