Левица: Владата крати средства од лицата со инвалидитет додека намалува даноци на најбогатите

Од:

Владејачката коалиција од ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, наместо да гради социјални политики во кои фокусот ќе биде подобрување на состојбата на ранливите категории на граѓани, крати средства токму од нив. Со предлогот за Ребаланс на буџетот скандалозно е предвидено е да се скратат 10 милиони денари наменети за здруженијата на лицата за инвалидитет, што беше причина овие здруженија да реагираат и да си ги бараат своите права, велат од Левица.

„Имено, со Законот за игри на среќа предвидено е дел од средствата од игрите на среќа да се наменат за проекти на здруженијата на лицата со инвалидитет. И покрај тоа што ова е законска обврска, актуелната власт наместо да ги исплати овие средства на лицата со инвалидитет, истите ги пренамениле за други намени. Скандалозно е што десничарската влада веднаш почна со кратење средства токму од оние на кои што им е најмногу потребно и дополнително ја маргинализира нивната положба!

Со досегашните чекори што ги превзема и најавите за намалување на даноците за најбогатите фирми, власта на Мицкоски јасно покажува тенденција да ги штити најбогатите на сметка на сиромашните и маргинализираните. Наместо да креираат политики за пренамена на богатството кон оние на кои што им е најмногу потребно, оваа десничарска коалиција креира политики со кои што богатите ќе бидат уште побогати, а сиромашните уште посиромашни“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Нова дивоградба во Чаир узурпира државно земјиште

А1он

Пратениците од Левица поднесоа интерпелација за претседателката на Комисијата за социјална политика Даути за законот за бранители

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Нашиот левичарски нарав е таков – за сестра се умира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство