Хамас ќе води отворена војна за ослободување на Ерусалим, за што е подготвен да ја плати цената, изјави портпаролот на палестинската група Саму Аби Зухри по убиството на нејзиниот лидер Исмаил Ханије во Техеран.
Абу Зухри го опиша убиството на Ханије како „сериозна ескалација“ и посочи дека сторителите нема да ги постигнат своите цели, пренесе Ројтерс.
Иранската револуционерна гарда утринава соопшти дека Ханије и неговиот телохранител биле убиени во Техеран, каде лидерот на Хамас присуствувал на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.
Никој не ја презеде одговорноста, но Израел е осомничен дека стои зад убиството, кој претходно вети дека ќе ги убие лидерите на Хамас за нападот на групата на 7 октомври, според АП.
Израел не излезе со соопштение во врска со убиството, што е често случај кога станува збор за атентати извршени од израелската разузнавачка агенција Мосад, наведува американската агенција.