Неуспешен напад на Израел врз Бејрут: Безбедносни извори велат дека Мосен е жив

Од:

Шефот на ракетните операции на либанската група Хезболах Фуад Шукр, познат и како Хаџ Мосен, го преживеа израелскиот напад на јужниот дел на Бејрут, пренесува Ројтерс.

Ова за агенцијата го потврдиле двајца високи безбедносни извори од Бејрут.

Извор близок до Хезболах изјави за АФП дека две лица се убиени во израелски напад врз јужното предградие на Бејрут.

ИДФ пред неколку години објави дека Шукр е командант на главната прецизна ракетна програма на Хезболах. Тој е баран и од САД поради неговата улога во бомбардирањето на касарната на американските маринци во Бејрут во 1983 година.

Би можело да ве интересира

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

Портпаролот на Хезболах Мохамед Афиф е убиен во израелски напад врз центарот на Бејрут

Осум лица загинаа во израелскиот напад на југот на Бејрут

Остин: САД не виделе докази дека има бункер под болницата во јужен Бејрут

ИДФ: Во Бејрут погодени се локации за производство и складирање оружје на Хезболах

Израел потврди: Го убивме новиот лидер на Хезболах

Горан Наумовски