ВИДЕО: Евакурани жители од Немањици, дел не сакале да ги напуштат домовите

Од:

Големиот пожар што вчера изби кај светиниколското село Немањици игзоред дел од куќите, еден човек го загуби животот, а голем дел жители можаре да бидат евакуирани од нивните домови поради опасноста од огнот. Дел од нив не сакале да ги напуштат куќите.

Сепак пожарникарите и полицијата одеа од куќа до куќа да проверуваат каде има луѓе и да ги изнесуваат од објектите оние што заостанале.

– Загрозени беа животите на луѓето, а некои жители не сакаа да ги напуштат домовите иако огнот беше многу близу… Едноставно, од страна на пожарникарите, се проверуваа и дел од загрозените од пожарот куќи, за некој жител случајно да не останал… Тешко им беше да ги напуштат домовите, велат утрово од ЦУК.

Пожарот ов светиниколско уште е активен, денеска покрај пожарникарите од земја, ќе гасат и еден хеликоптер и три ер-трактори.

Би можело да ве интересира

Отстранети опасни гранати од минатите војни од предел зафатен од мариовскиот пожар

Пет пожари активни, еден под контрола

Осум активни пожари во Македонија

А1он

Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати

ВИДЕО: Тежок пожар избувна во Општина Градско, интервенција од терен, а пренасочени и ер-тракторите

Катерина Ѓуровски

29 пожари на отворено за 24 часа, активни се три