Уште гори во Светиниколско, пожарот ќе го гаснат хеликоптер и три ер-трактори

Од:

Територијата на фронтот на пожарот во Светиниколско е многу широк, но во овој момент населени места не се во опасност. Пожарот над Прилеп е ставен под контрола, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

Во Свети Николе на терен се пожарникарите, а во приправност има доволен број на припадници на Армијата кои се вклучуваат по барање на локалните командири. Од воздух ќе делува еден армиски хеликоптер Ми 17 и три ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарот над Прилеп во голем дел е ставен под контрола, доцна во ноќта спасен бил манастирот. Позади сртот на Маркови кули пожарот е поделен во два крака и во моментов се интервенира да се стават и овие жаришта под контрола и да се изгаснат, велат од ЦУК и додаваат дека има доволен број на луѓе на терен, а воздушна подршка засега не е потребна.

Вчера на територијата на цела држава регистрирани беа 42 пожари на отворено и шумски пожари, од кои 17 се активни, 4 се под контрола, а 21 е изгаснат.

Би можело да ве интересира

Отстранети опасни гранати од минатите војни од предел зафатен од мариовскиот пожар

Пет пожари активни, еден под контрола

Осум активни пожари во Македонија

А1он

Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати

ВИДЕО: Тежок пожар избувна во Општина Градско, интервенција од терен, а пренасочени и ер-тракторите

Катерина Ѓуровски

29 пожари на отворено за 24 часа, активни се три