На социјалните мрежи е објавено видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како удира момче кое му пријде, но не му бакна рака. Видеото е снимено за време на митингот во градот Ризе.
Erdoğan, Rize'de katıldığı açılış töreninde yanına gelen çocuğa, elini öpmediği için TOKAT ATTI. pic.twitter.com/DATPGZdthg
— Solcu Gazete (@solcugazete) July 28, 2024
Ова не е првпат Ердоган да биде снимен како „казнува“ деца.
Во една прилика удри момче кое побара од турскиот претседател да му се потпише на дресот. Друг пат, за време на отворањето на тунелот Саларха, Ердоган исто така беше снимен како удира момче по глава.
Минатата година и тој јавно му удри шлаканица на внукот, но подоцна изјави дека го „помилува“.