(ВИДЕО) Пукна брана во Русија: Прогласена е вонредна состојба, наредена е евакуација

Од:

Околу 200 лица ќе бидат евакуирани од населените места во поплавената зона кај градот Карабаш во Челјабинската област, откако водата ја пробила браната на акумулацијата Киалим, потврди локалната администрација за руската државна новинска агенција ТАСС.

„Водата ја проби браната во акумулацијата Киалим, еден од главните извори на вода за пиење за градот Карабаш“, се вели во соопштението.

Во Карабаш е прогласена вонредна состојба.

Едно село е поплавено, а луѓето се евакуирани од три други населени места во регионот на Челјабинск откако водата ја пробила браната на езерото Киалим, соопшти канцеларијата на претставникот на рускиот претседател во Федералниот округ Урал.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина