Мицкоски: Ќе донесеме нов Кривичен законик, но согласно европските стандарди, а не според нечии потреби

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска му одговори на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче во врска со барањето за носење нов Кривичен законик, нагласаувајќи оти нов КЗ ќе се донесе, но по европски стандарди, а не по нечии потреби.

Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на настанот на одбележаа 102 години постоење на Стопанската комора на Северна Македонија нагласи дека не е против нов Кривичен законик, но го праша Филипче што ќе се прави со овие дела кои застареле и за кои граѓаните бараат отштета.

-Велат сработиле нов Кривичен, но што правиме со оние дела кои застареа и за кои граѓаните плаќаат отштета, за тие дела што застареле ќе вратат ли од украдените пари, бидејќи сега имате дела кои застареа и врз основа на тоа тие бараат отштета и добиваат од буџетот на државата. Тоа се милиони евра, тоа се ваши пари. Еве нека извадат од џеб и нека продадат дел од својот имот, а Бога ми го имаат, голем е имотот на поранешните функционери од СДСМ и нека врата во буџетот. Студент од прва година Правен факултет знае дека секое лице кое што ќе биде процесуирано ќе го користи оној закон, кој што во времето на сторување на делото е апликативен. Сега донесоа закон за да ги амнестираат своите криминали и на оние политичари, кои од минатото им беа потребни за да им застарат дел од делата, а сега ќе носиме нов закон, рече Мицкоски.

Додаде дека тие немаат проблем да носат нов закон, но тој закон ќе биде согласно европските закони, а не „како некому што му треба“.

-И затоа и се чудам што и професори учествуваат позади овие изјави, се чудам зошто упорно не ја научија лекцијата и грешките кои ги правеа во минатото, но во ред тие си имаат свој начин на политика, мислат дека вака, со ваков фолклор ќе привлечат внимание. Може понекогаш човек не треба да ги коментира, но сепак се опозициска партија, рече Мицкоски, кој рече оти жали што СДСМ од некогаш државотворна партија се претвориле во малска група, која во јавноста на дневна основа смислувала некои тези.

Мицкоски нагласува дека Министерството за правда нема таков закон, како што претходно изјави Филипче.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска упати апел до Владата до го стави на јавна расправа новиот Кривичен законик, кој како што посочи е изготвен и се наоѓа во Министерството за правда. Во однос на тоа зошто сега има промена на ставот, со оглед на тоа што со претходните измени застареа голем број предмети, предизвикаа реакции во јавноста и беа оправдувани од претходната влада, рече дека тоа го прави како нов претседател на сега опозициската партија откако ги увидел негативните реакции на граѓаните, но и на стручната фела.

-Има изготвен нов Кривичен законик, кој што е почнат во 2017 година од министерката Дескоска, тој е готов, завршен. Апелирам Владата да го стави на јавна расправа. Тој е нов кривичен закон, направен е целосно во координација со меѓународни институции по терк, примерок на Кривичниот законик на Германија и сметам дека што поскоро треба да биде на јавна расправа, треба да го разгледаат експерти, да го кажат своето мислење, да се вклучи стручната фела и заедно со консензус да донесеме еден таков нов, како што доликува Кривичен законик. Не е доволно да кажеме дека сме згрешиле што сме донеле таков закон, еве одиме чекор понатаму таа грешка да ја исправиме на овој начин, рече Филипче и нагласи овој чекор е и поради тоа што граѓаните го манифестирале кон СДСМ за време на изборите во смисла на освоените гласови.

На прашањето во врска со тврдењето на Филипче, дека има неофицијална информација дека Владата испратила писмо во Брисел во однос на реформската агенда, Мицкоски нагласи дека такво писмо нема, дека не знае за која реформска агенда зборува.

– Доколку мисли на Планот за раст, ако мисли на тоа, тоа што ние го сработевме за две недели, тие не успеаја со години да го сработат, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина

СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари – граѓаните плаќаат за неспособноста на владата

Мицкоски: Се доближуваат ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем со банкарската асоцијација

СДСМ: Со буџетот Владата ќе троши на чоколадо, а за граѓаните сув леб

Горан Наумовски

Мицкоски: Условите што утре ќе ги договориме со банките не зависат само од мене