Шолц: На Европа и требаат средства за да ја одврати Русија

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека треба да го вооружи Бундесверот за никој да нема желба да ја нападне Германија и нејзините сојузници.

„Потребна ни е поголема заштита преку зајакнување на Бундесверот, добро вооружување на НАТО со средства за одвраќање. Мораме да бидеме сигурни дека ние – земјите на НАТО, Германија – нема да станеме објекти на напад и дека војната нема да се случи рече канцеларот на годишната прес-конференција во Берлин.

Средствата за одвраќање, според Шолц, вклучуваат ракети со среден дострел, кои САД планираат да ги распоредат на германска територија почнувајќи од 2026 година.

„Одлуката за американските ракети е подготвена многу одамна, земајќи ги предвид многу фактори“, додаде тој.

Шолц истакна дека, за разлика од 1990-тите, кога многумина веруваа дека главната задача на мисиите на НАТО е далеку во странство, сега се поставува прашањето за способноста да се заштити територијата на Алијансата во Европа.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Нова ескалација: САД одлучија, можете да нападнете со „Storm Shadow“

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Зеленски: Шолц ја отвори „Пандорината кутија“

Горан Наумовски