ВИДЕО: Украинците одбија да се ракуваат со Партизан

Од:

Фудбалерите на Динамо Киев не се ракуваа со играчите на Партизан пред почетокот на натпреварот.

Фудбалерите на Партизан во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите играат против украинскиот тим Динамо Киев.

Со оглед на војната што Украина ја води со Русија на своја територија, натпреварот меѓу овие две селекции се игра во Полска без присуство на гостински навивачи.

Пред самиот старт на натпреварот, фудбалерите на Динамо не се ракуваа со играчите на Партизан, туку ги оставија тупаниците во воздух за да остаvат барем некаков поздрав.

Навивачите со свирежи го пречекаа Партизан.

Ова пред натпреварот го најави и тренерот на киевскиот клуб, а тоа е поради тоа што црно-белите одиграа пријателски натпревари во Москва, главниот град на земјата со која се во војна.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

Судија му се закани на играч со смрт – УЕФА веднаш му го одзеде мечот од Лигата на шампионите

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Динамо носи засилување од 2 милиони евра

Предраг Петровиќ

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано