Тренчевска: Со фенер да ги бараше понеспособни кандидати за заменици Мицкоски не можеше да најде

Од:

Денес имаме на дневен ред избор на заменици министри, со фенер да ги баравте, понеспособни кандидати немаше да најдете, битно вдомивте 20 функционери, рече пратеничката Јована Тренчевска.

Тренчевска истакна дека ако се погледнат биографиите на предложените заменици министри очигледно е дека нема да сработат ништо.

-Предлогот за заменик министер во министерството за одбрана нема ниту еден ден работно искуство во одбрана или барем нешто поврзано со обраната, освен она што сама си го навела во биографијата дека била придружник на лице упатено во делегација во Брисел и тоа го наведува како искуство. Ова да не е жално. Ескперт за веб дизјан од приватна фирма оди во општинска администрација, напредува, ја вработува сопругата во оптшината и ја прави инспектор бидејќи инспекторите земаат 30 % повисока плата, прави партизација на општината, а зборува за департизација. Доктро по науки за кинзиологија е предлог на заменик министер за внатрешни и да бидам искрена биографијата е добра за спорт, а не за МВР, а таму оди инженер за информатика. И нема да наборјувам уште се што имаме и повторно ќе кажам секоја чест на исклучите, заота што е многу тажно на кое ниво е спуштена финкцијата заменик министер. Со вакви министри и заменици министри не може да очекуваме ништо добро за граѓаните, за државата, освен лаги, неостварени програми и лажен пиар за Македонија повторно горда, порача пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, од собраниската говорница.

Битно вдомивте нови 20 функционери, 20 партиски послушници, а тоа што со ребаланост кратите од, младите, од болните, од лицата со попреченост, од граѓанските организации, од платите од професорите од лекарите, само за да на овие 20 нови функционери и на вашите нови 24 кабинети да им обезбедите убави плати не е битен квалитетот, битно е да се задоволи владината коалиција. Велат какви министри такви заменици, првите катастрофа, вторите уште поголема, рече Тренчевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати решенијата на СДСМ за намалување на цените и повеќе пари за граѓаните

(ВИДЕО) Тренчевска: Не само што нема за плати, со ребалансот ДПМНЕ крати пари и кај лицата со попреченост

Тренчевска се повлекува од функцијата претседателка на форумот на жени на СДСМ

Горан Наумовски

Тренчевска: Ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за пензиите ќе го дестабилизира пензискиот систем

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Тренчевска: Се уште чекаме информации од ЈО во Струмица за случајот со детето донесено на Детска клиника