Повреден командирот на штипската Пожарна и уште еден негов колега при гаснење на пожар

Од:

Командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов при вчерашното гаснење на пожарот на старата депонија меѓу штипските населби Пребег и Мерите е повреден, односно при интервенцијата се здобил со скршеници на двете раце.

Синоќа заедно со него хоспитализиран е уште еден штипски пожарникар, кој бил заедно со командирот на ТППЕ-Штип при гаснењето на пожарот. Двајцата додека го гаселе огнот паднале во дол, по падот командирот на ТППЕ-Штип Ренџов се здобил со скршеници на двете раце, а пожарникарот има скршеница на едната рака.

Во штипска Клиничка болница се примени синоќа околу 20.30 часот, а командирот на ТППЕ-Штип е задржан на болничко лекување, откако претходно и бил опериран. Инаку за него пожарникарите велат дека во изминатите речиси две недели заедно со нив ги гаснеше пожарите на планината Серта и во штипскиот и неготинскиот дел, не штедејќи се за да се стават пожарите под контрола на неколку локации.

Би можело да ве интересира

Отстранети опасни гранати од минатите војни од предел зафатен од мариовскиот пожар

Пет пожари активни, еден под контрола

Осум активни пожари во Македонија

А1он

Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати

ВИДЕО: Тежок пожар избувна во Општина Градско, интервенција од терен, а пренасочени и ер-тракторите

Катерина Ѓуровски

29 пожари на отворено за 24 часа, активни се три