Три лица загинаа во престрелка во Албанија, се трага по напаѓачите

Од:

Три лица загинаа во престрелка во ресторан во Албанија, а се сомневањата се дека се работи за конфликт меѓу локални криминални кланови на југот од земјата, јавуваат албанските медиуми. Цел на пукањето во градот Мемаљај, во областа Ѓирокастро, биле членовите на семејството Каљеми, кои во тој момент биле во ресторан на роднина.

Се сомнева дека напаѓачите пукале од „калашникови“, а убиен е Шиќир Каљеми (74), додека неговиот брат е тешко ранет.

Во престрелката загинаа келнер и гостин на кафеана. Членовите на семејството Каљеми се осомничени дека се вмешани во убиството на бизнисменот Едмонд Папа во 2022 година, по што Шиќир Каљеми беше ранет.

По инцидентот, полицијата поставила контролни пунктови во градовите Фиера, Берат и Валона, а во блиското село било пронајдено запалено возило „БМВ“ кое наводно го користеле сторителите. Се уште се трага по напаѓачите.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Скопје: Пукал во познаник, тешко го ранил во стомакот

Горан Наумовски

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Нови Сад: Со моторна пила и ја исекол главата на мајка си

Горан Наумовски

Обезглавено тело на жена е пронајдено во семеен дом во Нови Сад

Горан Наумовски

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер