Три лица загинаа во престрелка во Албанија, полицијата трага по сторителите

Од:

Три лица загинаа синоќа во судир меѓу локални кланови на југот на Албанија, јавуваат албанските медиуми.

Цел на пукањето во градот Мемаљај, во областа Ѓирокастро, биле членовите на семејството Каљеми, кои биле во кафеана на роднина.

Се сомнева дека напаѓачите пукале од „калашникови“. Во инцидентот загинал Шиќири Каљеми (74), додека неговиот брат е тешко ранет. Исто така во престрелката загинаа келнер и муштерија во локалот.

Се сомнева дека членови на семејството Каљеми учествувале во убиството на бизнисменот Едмонд Папа во 2022 година, по што Шичири Каљеми бил застрелан неколку пати.

По инцидентот, полицијата поставила контролни пунктови во три града – Фиера, Берат и Валони, а во блиското село било пронајдено опожарено возило „БМВ“ кое наводно го користеле сторителите.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Скопје: Пукал во познаник, тешко го ранил во стомакот

Горан Наумовски

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Нови Сад: Со моторна пила и ја исекол главата на мајка си

Горан Наумовски

Обезглавено тело на жена е пронајдено во семеен дом во Нови Сад

Горан Наумовски

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер