Мицкоски за дипломатските пасоши на антикорупционерите: Не мислам дека треба да се расфрламе со имотот на граѓаните

Од:

Не мислам дека треба да се расфрламе со имотот на граѓаните и тој имот да се користи на начин којшто е надвор од законот, посочи премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го случајот со дипломатските пасоши кои ги бараат антикорупционерите.

Мицкоски денеска на поставувањето на камен-темелник за изградба на нова градинка во Трубарево, во одговор на новинарско прашање поврзано со барањето дипломатски пасоши од страна на членови на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) рече дека Министерството за надворешни работи ќе даде информација дали членовите побарале или не побарале дипломатски пасоши, како и која е политиката на Министерството по ова прашање.

– Немам информација во врска со дипломатските пасоши на луѓето коишто се дел од Антикорупциска комисија. Се надевам министерот за надворешни работи даде одговор на ова прашање и мислам дека Министерството за надворешни работи ќе ви даде информација дали побарале или не побарале дипломатски пасоши и која е политиката на Министерството, рече Мицкоски.

Досега дипломатски пасош добила само претседателката на ДКСК Татјана Димитровска, која вели дека е легитимно право на секој член да си побара, а институцијата ќе цени дали им следува. Според Димитровска, дипломатските пасоши им се потребни на членовите на ДКСК поради честите службени патувања во странство и затоа што се тие функционери именувани од Собранието.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации