Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека изминатиот ден убиле „голем број вооружени терористи на Хамас“ во Рафах, јужно од Појасот Газа.
ИДФ вели дека имало неколку судири со оперативците на Хамас во текот на изминатиот ден и дека израелската 401-ва оклопна бригада спроведува „значајна активност“ против оперативците на Хамас во северозападната населба Тел Султан во Рафах.
Се посочува дека припадници на израелската армија во централниот дел на Појасот Газа извршиле рација на неколку локации на Хамас, пишува Тајмс оф Израел.