ВИДЕО: Се појасно е кој е главниот виновник за глобалниот технолошки дефект

Од:

Како што пренесува Би-Би-Си, сè поголем број извештаи сугерираат дека компанија за сајбер безбедност Crowdstrike, која произведува антивирусен софтвер, издаде ажурирање на софтверот што ги блокираше уредите со Windows. Ова предизвика феномен познат во ИТ како „синиот екран на смртта“ на компјутерите.

Американ Ерлајнс, најголемата авиокомпанија во светот по број на патници, потври за Би-Би-Си дека ги приземјила сите свои летови ширум светот и дека е во контакт со сите летови кои моментално се во воздух. Се вели дека проблемите со ИТ се предизвикани од „технички проблем со Crowdstrike што влијае на повеќе оператори“.

Авиокомпанијата вели дека работи со фирма за ИТ безбедност за да се реши проблемот што е можно поскоро. Американ ерлајнс превезува во просек по 578.000 патници дневно.

Компанијата за софтвер за сајбер безбедност Crowdstrike претходно објави дека го идентификувала проблемот зад денешниот масовен, глобален прекин на Windows.

Според нив, проблемот настанал по ажурирањето на безбедносниот софтвер што го користат големите компании. Оттогаш промените се сменети, а предлог за можно решение е испратен до компаниите кои го користат тој софтвер.

Би можело да ве интересира

Дефектот е отстранет, но последиците ќе траат соопшти „Мајкрософт“

Катерина Ѓуровски

„Струшки вечери на поезијата“ од 22 до 26 август под мотото „Допир на убавината“

Не се пријавени проблеми во компјутерските системи на државните институции

Катерина Ѓуровски

Огромен технолошки дефект предизвикува проблеми ширум светот

Катерина Ѓуровски

Саниран дефектот кој остави без вода поголем дел од центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

A1on