Од ДУИ имаа реакција каде плачеа зошто е тргната функцијата економски директор во Министерството за здравство. Сосема непотребна позиција со која ДУИ ги имаше „честеше“ своите луѓе. Значи ДУИ и замери на Владата што штеди пари на граѓаните и ги раскинува коруптивните врски изградени од ДУИ, вели министерот за здравство, Арбен Таравари.
„На оваа партија и требаат две работи: Добар тим на адвокати да се брани од обвиненијата што и се подготвуваат и да сфати дека барем сега кога е во опозиција мора да го смени нејзиниот коруптивен менталитет“, нагласува Таравари.