Министерството одобрило, а општината не го легализирала објектот на бившиот Гувернер на НБМ-Петар Гошев

Од:

Општина Гевгелија на последната одржана деветта седница на Советот го одби барањето за донесување на урбанистичка планска документација за промена на намената на земјиштето на КП бр. 555 во катастарска општина Богородица на подносителот Петар Гошев од Скопје, поранешниот гувернер на Народната Банка на Македонија.

На истата седница одобрени се 23 барања за донесување урбанистичка планска документација како дел од постапката за легализација на бесправно изградените објекти во општината, со која се одобрува промена на намената на земјиштето за вкупно 23 баратели, од кои 19 физички и 4 правни лица.

Min Transport i vrski RESENIE 1

Со решение на градоначалникот на општина Гевгелија од 20.7.2011 година одбиено е барањето на лицето Петар Гошев од Скопје за утврдување правен статус на бесправно изградениот индивидуален станбен објект. Министерството за транспорт и врски, по жалба на Гошев, го поништил решението на градоначалникот како неправилно (Уп.2 бр.43-907 од 15.11.2011) и го вратил предметот на Општината на повторно одлучување, со напомена „општината да донесе одлука со која ќе се утврди потреба за донесување урбанистичка планска документација за промена на намената на земјиштето“.

Работата две години тапка во место, за на последната седница на Советот мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ да одлучи да биде одбиено барањето на Гошев.

Min Transpor i vrski Resenie 2

Објектот што е во сопственост на Гошев е со површина од 189,21 метар квадратен и се наоѓа на регионалниот пат Гевгелија-Стојаково, надвор од градежниот реон на село Богородица.

Тој претставува градежно-функционална средина со армирано-бетонска конструкција со катност, подрум и приземје. Општината нема донесено одлука за проширување на градежниот регион за подрачјето каде што се наоѓа предметниот објект. Подоцна со донесување на урбанистички план надвор од населено место, граничен премин Богородица, во овој реон предвидена е изградба на големи трговски единици, а не објекти за домување.

Исклучива надлежност на Советот е да донесе одлука за усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на урбанистичкиот план, постапувајќи по Законот за бесправно изградени објекти, кој е подоцна донесен.

Објектот не е градежен зафат започнат од Гошев, туку купен плац заедно со започната карабина пред десетина години од поранешниот сопственик Марин Каракабаков.

„Ова е селективен пристап кон примената на Законот за легализација на бесправно изградените објекти во општината од страна на градоначалникот, а поткрепен со мнозинството во Советот, кое ги поддржува неговите одлуки, иако Министерството го вели спротивното“, велат од опозицискиот СДСМ.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on