Грција донесе итни мерки поради екстремните температури

Од:

Во вторникот, Грција им нареди на некои работодавци да ја прекинат работата на своите вработени на тешка работа на отворено оваа недела, во попладневните часови кога високите температури шират низ целата земја.

Градежни работници, доставувачи на храна, бродоградители се дел од работниците на кои од денеска до петок нема да им биде дозволено да работат од пладне до 17 часот, бидејќи се очекува живата во термометрите да достигне 42 и 43 степени.

Грција од јуни се соочува со топлотни бранови, а веќе избувнаа неколку шумски пожари поради високите температури и ветерот.

Поголемиот дел од Грција е без дожд или со многу малку врнежи со месеци.

Грчките острови, кои привлекуваат милиони туристи во текот на летото, се соочуваат со недостиг на вода.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната