Најмалку шест безживотни тела на виетнамски државјани се пронајдени во хотел во Бангкок, а нема докази дека тие загинале во престрелката, изјавил за Ројтерс неименуван полициски извор.
Тајландските медиуми претходно објавија дека шест лица се убиени во пукање во хотел во Бангкок.
„Нема докази за пукање“, изјави изворот за Ројтерс, но не даде детали.
Виетнамската амбасада во Бангкок не одговори на повикот на британската агенција, а полицијата и медицинските тимови не дадоа соопштение.