ВИДЕО: Седми ден борба со огнот на Серта, пожарите во Радовиш и Битола под делумна контрола

Од:

Пожарот на планината Серта денеска се гасне од воздух и од земја. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов утрово информира дека турскиот хелихоптер е веќе упатен кон Серта, како и дека сите пожари се под делумна контрола вклучително и пожарот кај Битола.

– Нашиот фокус во текот на претпладнето и во текот на денот ќе биде ставен на пожарот на Серта, доколку другите пожари не побаруваат употреба на воздухоплови. Најголемиот дел од воздухопловите ќе ги фокусираме на овој пожар на Серта. Трае долго време и зафаќа голем фронт, но карактеристично за него е тоа што во текот на ноќта тој стивнува, изјави ноќеска директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Додава дека иако стивнува ноќе, со зголемувањето на температурите во текот на денот тој се разговорува.

Повеќе денови трае гаснењето на пожарот на планината Серта, за кој директорот на Центарот за управување со кризи Ангелов синоќа оцени дека е најсериозен и најтежок за гаснење бидејќи се работи за исклучително тежок терен испресечен со долови, карпест терен со ридишта, густи трња и грмушки и друг тип на нискостеблести растенија и делумно шума. Пожарот на Серта синоќа се простираше на територија на Штип и делумно на Неготино.

Како што беше најавено, претпладнево се очекува да пристигнат и два хелихоптери од Словенија и еден голем хелихоптер со носивост од пет тона од Србија, а најавен е и еден хелихоптер од Црна Гора.

Во гаснењето на пожарите се вклучени и 103 припадници на Армијата и 30 припадници на полицијата, сите во гаснењето на пожарот на планината Серта.

Ноќеска под контрола беше ставен и пожарот над Радовиш. Пред да биде ставен под контрола, постоеше опасност тој да се прошири на викенд населбата која се наоѓа во близина на градот. Локалните пожарникари дежураат во текот на целата ноќ за да не дозволат тој да се прошири.

-Условно кажано, пожарот е заокружен од сите страни. Горната страна од кај планината веќе имаме изгорен појас, така што ние сме големи оптимисти дека до утре претпладне пожарот ќе биде ставен под целосна контрола, рече Ангелов.

Поради активниот пожар на регионалниот пат Неготино – Штип, кај село Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци.

Синоќа беше активен и пожарот над Битола, но како што изјави Ангелов, не претставуваше опасност за градот. Поради пожарот од ноќеска се пренасочува сообраќајот од обиколницата Битола, патен правец Прилеп – Ресен, низ градот Битола. Во гаснењето на пожарот вчера попладне лесно беа повредени двајца пожарникари. Едниот кој имаше изгореници на дланките и на подлактицата е хоспитализиран во битолската болница, додека другиот беше пуштен на домашно лекување.

Ноќеска заседавал и Кризниот штаб во Битола кој донел неколку одлуки за полесно справување со огнената стихија. Повеќе од 120 пожарникари, доброволци и возила на противпожарната единица ноќеска беа на терен. Доколку до утрово пожарот не биде ставен под контрола, Ангелов најави дека тој ќе биде гасен и од воздух.

В

Би можело да ве интересира

Левица: Шумите изгореа, а власта го крати буџетот

По четири дена изгаснат е пожарот на планината Беласица

Пожарот на Беласица синоќа се приближил кон црквата во селото Смоларе

Локализиран е пожарот на планината Беласица

Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие

Еден активен пожар и еден под контрола од вчерашните 22 на отворено низ државава