Стотици тргнувања на возови во Велика Британија беа откажани вчера бидејќи Англија играше против Шпанија во финалето на Европското фудбалско првенство. На патниците им беше препорачано да не патуваат со воз, особено во вечерните часови, пренесува британски Телеграф.
Вработените во возовите не се обврзани да работат во недела, а многу машиновозачи, како и други вработени во железницата, одбија да работат прекувремено на денот на финалето на Европското првенство.
Во нивните договори не се бара да работи во недела, така што многу железнички компании се потпираат на вработените кои сами се пријавуваат дека работат прекувремено на тој ден, што им се плаќа дополнително.
Синдикатите се обврзани да го известат својот работодавец 14 дена за официјален штрајк, но машиновозачите можат да чекаат само неколку дена за да објават дали ќе работат во недела.
Една од железничките компании објави дека боледувањето, како и тоа што Англија е во европското финале, доведоа до значително намалување на бројот на вработени кои вчера беа подготвени да работат прекувремено.
Поради ова дошло до прекин на железничкиот сообраќај на повеќе линии. Имаше прекин на услугите меѓу Лондон и градовите како Бристол, Свиндон и Челтенхем. Државната компанија Нордерн соопшти дека има откажувања во северозападниот дел на Англија, меѓу Манчестер и Стоук-он-Трент, како и Престон и Колн.
Слични проблеми имаше и во неделата на 16 јуни кога Англија играше против Србија на ЕП, пишува Телеграф.