Исклучени два далекуводи во неготинско поради пожарот на Серта

Од:

Двата далекуводи на потегот од Пепелиште кон село Лакавица се исклучени од безбедносни причини со цел да се овозможат безбедни услови за интервенција од воздух и копно во гаснењето на пожарот. Исклучувањето нема никакви последици во тековното снабдување со електрична енергија, информираа попладнево од АД МЕПСО.

– Дежурните далекуводни екипи на АД МЕПСО, во текот на изминатата ноќ и во раните утрински часови работат на терен и ја следат ситуацијата со огнената стихија која го зафати потегот од Пепелиште кон село Лакавица, каде што транзитираат 400kV далекувод ТС Дуброво – ТС Штип 1 и 110kV далекувод ТС Дуброво – ТС Бучим. Во координација со тимовите кои учествуваат во гаснењето на огнената стихија, двата далекуводи се исклучени од безбедносни причини, а се со цел овозможување на безбедни услови за интервенции како од воздух, така и од копно. Исклучувањето на далекуводите не предизвикува никакви последици во тековното снабдување со електрична енергија, се наведува во информацијата од АД МЕПСО.

Оттаму посочуваат дека согласно одлуката и препораките на Владата за кризна состојба, екипите на АД МЕПСО, ќе ги насочат своите тековни теренски активности кон превентивно и активно учество во следење на состојбите со пожарите во близина на далекуводните траси.

Би можело да ве интересира

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола