Војската, хеликоптери, пожарнкари, доброволци – не се смирува пожарот на Серта, гори уште на седум места

Од:

Пожарот на планината Серта од рано утринава се гаси од земја и воздух. Ангажирани се стотина припадници на Армијата, припадници на Министерството за внатрешни работи, ловџии, шумски работници. Интервенираат и полициски хеликоптер и два армиски хеликоптери.

Стотина припадници на Армијата и два хеликоптера МИ 8/17 од воздухопловниот ВИНГ од раните утрински часови во координација со сите инволвирани субјекти отпочнале со координиран и насочен ангажман во гаснењето на пожарот во поширокиот реон на неготинско и планината Серта.

– По наредбата од претседателката и врховен командант на Вооружените Сили, Гордана Сиљановска Давкова за ангажирање на Армијата за справување со пожарите во реонот на неготинско, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски нареди ангажирање на потребни капацитети на Армијата, информираа утринава од Генералштабот на Армијата.

Владата доцна синоќа по барање на Кризниот штаб од Неготино прогласи кризна состојба.

– Тука сме кавадаречки и неготински пожарникари, ловџии, припадници на МВР, летаат дронови проверуваат терен, дојде помош и од страна, пристигна едно возило од Пехчево, од подружницата на ,,Национални шуми” од Демир Капија. Вообичаено, при вакви пожари, распалувањето на огнот е со покачување на температурата во воздухот, околу пладне, велат пожарникари од терен во изјава за МИА.

Пожарот избувна во средата околу 10.30 часот, а синоќа Кризниот штаб од Неготино побара прогласување на кризна состојба по што Владата донесе одлука.

Покрај пожарот на планината Серта, активни се и пожарите над селото Бадилен, во месноста Шамок во општина Ново Село, меѓу селата селата Негорци и Кованец во општина Гевгелија, меѓу селата Горни и Долни Липовиќ во општина Конче, меѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште во општина Чашка, над селото Црнилиште во општина Долнени и меѓу селата Драгоево и Селце во општина Штип.

Податоците што вчера ги објави ЦУК говорат дека само за 12 дена во јули имало вкупно 173 пожари на отворен простор од пошироки размери.

Би можело да ве интересира

Левица: Шумите изгореа, а власта го крати буџетот

По четири дена изгаснат е пожарот на планината Беласица

Пожарот на Беласица синоќа се приближил кон црквата во селото Смоларе

Локализиран е пожарот на планината Беласица

Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие

Еден активен пожар и еден под контрола од вчерашните 22 на отворено низ државава