Затворениците во Велика Британија ќе бидат ослободени по отслужување на 40 отсто од казната

Од:

Затворениците кои отслужиле 40 отсто од казната во Велика Британија ќе бидат ослободени во обид да се намали пренатрупаноста на затворите.

Затворениците во Англија и Велс, освен најтешките престапници, обично се ослободуваат по отслужување на 50 отсто од казната, а новата одлука ќе стапи на сила во септември, пренесува Sky News.

Претседателот на Здружението на затворски службеници, Марк Ферхарст, рече дека според новата одлука, околу 5.500 затвореници ќе бидат ослободени од затвор во првите неколку месеци.

Новата одлука не се однесува на оние кои сториле кривични дела со казна од четири години или повеќе, како и за криминалците кои сториле тешки кривични дела. Тие во моментов треба да отслужат две третини од казната во затвор или Одборот за условно ослободување треба да донесе одлука дали може да бидат ослободени.

Затворениците кои ќе бидат пуштени порано во согласност со новата одлука, ќе бидат строго следени.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП

(ВИДЕО) Снајперисти ги убија напаѓачите во затворот во Волгоград