Египетската полиција ја затвори редакцијата на весникот Слобода и правда што го издаваше политичкото крило на Муслиманско братство.
Движењето беше забрането во понеделникот со судска одлука. Тие наведуваат дека полицијата им одзела имот од зградата на редакцијата и го запечатила влезот.
Тим новинари од весникот веќе извесно време работат вон канцелариите за да ги избегнат репресиите врз исламистички лидери и активисти преземени откако армијата го симна од власт Мохамед Морси на 3 јули годинава.