Со полициски и армиски хеликоптери се гасат пожарите кај Ново Село и на Серта, ќе се вклучат и ер-тракторите

Од:

Пожарот на планината Огражден, на територија на Ново Село во близина на границата со Бугарија утрово почнуваа да го гаснат пожарникари и полициски хеликоптер. Со оглед на непристапноста на теренот, ЦУК информира дека полицискиот хеликоптер ќе префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да гаснат од земја, додека хеликоптерот ќе дејствува од воздух.

Пожарот почна вчера, но поради тешкиот терен беше донесена одлука со гаснење да се почне утрово. Од бугарска страна вчерс се правеше пристапен пат за да може да се движи теренско возило и да се гасне пожарот.

Паралелно со овој се гасне и пожарот на планината Серта. Уште од утрово ќе интервенира армиски хеликоптер, а подоцна ќе му се приклучат и ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување за кои владата донесе одлука да бидат ангажирани пензионираните пилоти.

Би можело да ве интересира

Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Се уште активни пожарите кај село Винче и на Кожуф

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

Пожарот во Трубарево е под контрола, гори на четири локации низ земјава

Мицкоски: Идентификувани се дваесетина лица поврзани пожарите

Катерина Ѓуровски