Убиецот од Лондон со самострел уби мајка и две ќерки, третата ќерка случајно не била дома

Од:

Полицијата се уште трага по напаѓачот кој ги уби сопругата и двете ќерки на познатиот англиски спортски коментатор Џон Хант.

Керол (61) и ќерките Луиз (25) и Хана (28) Хант, ќе се потсетиме, биле пронајдени во вторникот околу 19 часот со сериозни повреди во семејната куќа вредна 800.000 фунти во Буши, Хертфордшир. Третата сестра случајно не била дома за време на злосторството додека Хант известувал од трките во Сари.

Полициски извори изјавија дека трите жени биле врзани пред да бидат застрелани со самострел.

Полицијата трага по Кајл Клифорд, кој е поранешно момче на помладата девојка. Клифорд, кој има 26 години, ја напушти британската армија по краток период на служба во 2022 година, според Би-Би-Си.

Хеликоптери ја обиколија областа Хели Филдс во Енфилд, северен Лондон, во средата пред полицијата да изврши рација на слободниот имот. Според Дејли Мејл, основното училиште во близина било затворено откако автомобилот на осомничениот бил лоциран во близина.

Полицијата предупреди дека Клифорд можеби се уште има самострел и ги повика граѓаните да не му приоѓаат.

Би можело да ве интересира

На „Табановце“ е уапсен осомничениот за убиството во Кочани

Горан Наумовски

Притвор за 24-годишник од Кочани кој со нож избодел сограѓанин, го ранил во вратот и главата

Горан Наумовски

Србин дошол на одмор, убил маж и киднапирал две жени

Горан Наумовски

Фармери ја убиле Марија и уште една жена, со нивните тела ги нахраниле свињите: Случајот ја шокираше Јужна Африка

Уапсени двајца жители на Кочани за убиство на сосед

Предраг Петровиќ

МВР: Двајца мажи, пиеле со пријател, па го истепале, жртвата починала во својот дом