Мицкоски: Еден од најакутните проблеми е корупцијата за што како нова Влада работиме интензивно за нејзино искоренување

Од:

Во рамките на посетата на Вашингтон САД, претседателот на Владата на Република Северна Македонија оствари повеќе средби и состаноци.

Премиерот Мицкоски оствари продуктивна и пријателска средба со конгресменот Брендaн Бојл. Разговараа за приоритетите на НАТО алијансата и важноста да се зачува демократијата и мирот. На средбата се промовираа економските можности и потенцијали кои ги нуди државата, како и одлучната битка против корупцијата и криминалот што е и клучна определба на новата влада.

Претседателот на Владата Мицкоски имаше и работна средба со претседателката на NDI, Тамара Кофман Витес со која разговараа за демократските процеси во државата.

„Еден од најакутните проблеми е корупцијата за што како нова Влада работиме интензивно за нејзино искоренување, што подразбира и одговорност за престапниците на законот. Очекувањата на граѓаните не смееме да ги изневериме, да работиме на воспоставување на механизми каде граѓанинот ќе биде заштитен исто како и неговите интереси. Завршува времето на лаги, неспособност и не работа. Почнува време на реформи, инвестиции, дигитална трансформација. Мораме да дадеме добар пример за сите во изнаоѓање на пат до подобар животен стандард и сигурна држава која припаѓа на сите граѓани“, подвлече на средбата Мицкоски.

Мицкоски оствари средба со поранешниот амбасадор на САД во земјава Филип Рикер. Разговараа за предизвиците со кои се соочува државата, како и поддршката која е потребна за остварување на стратешките интереси.

Мицкоски разговарал и за потенцијалот кој го нуди регионот за економска и политичка соработка.

„Мораме да ја менуваме реалноста и подобруваме животот на граѓаните“, посочи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации