Премиерот Никола Груевски и неговата сопруга Боркица се фотографираа со американскиот претседател Барак Обама и со неговата сопруга Мишел, на приемот што го приреди претседателот на САД за лидерите на земјите учесници на 68. Генерално собрание на ОН.
Груевски е во посета на САД, каде се обидува да привлече странски инвеститори, а денеска ќе има обраќање во ОН.