Англиската фудбалска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Европското првенство во Германија откако во пенал рулетот ја совлада Швајцарија.
Првото полувреме не го даде фудбалот што го очекувавме, а најубавата шанса ја видовме во 45. минута од натпреварот. Сака го надмудри Ебишер и го намести Мајно, но Џака во последен момент интервенираше пред играчот од средниот ред на Јунајтед за да ја спаси Швајцарија.
Во продолжение Швајцарија се ослободи и одигра онака како што играше досега на ЕП, па се закани преку Ембол и Аебишер, но резултатска промена немаше.
Подобрата игра на Швајцарија вроди со плод во 75. минута од натпреварот кога го постигна водечкиот гол на натпреварот. Шар го вработи Ндоје кој нафрли на средината, а Емболо со лоша реакција на англиската одбрана ја погоди мрежата на Пикфорд.
Англичаните до крајот се обидуваа да дојдат до гол, а тоа им успеа во 80. минута од натпреварот. Сака влезе во средината од десната страна и мајсторски ја погоди мрежата на Зомер.
До крајот на регуларниот дел од натпреварот Англија беше поконкретна, но вторпат не можеше да го совлада Зомер, па натпреварот отиде во дополнителни 30 минути.
Таму видовме одличен обид на Рајс, кој беше сопрен од голманот на Швајцарија, а на крајот од второто продолжение Шаќири од корнер ја погоди стативата. До крајот остана 1:1, па се изведуваа пенали.
Во ударот од единаесет метри поуспешна беше селекцијата на Англија, која во полуфиналето ќе игра со подобриот од вечерашната четвртфинална пресметка меѓу Холандија и Турција.