Државниот завод за ревизија откри многу слабости и нерегуларности во работата на Јавното претпријатие за државни патишта на Македонија. ДЗР подготови и посебен извештај испратен до државните институции во кој што има сомнежи за корупција.
Од вкупно 24 капитални проекти за пет проекти иако подготовките се започнати пред повеќе години се’ уште нема склучено договори за градба. За останатите 19 проекти биле потпишани договори во вредност од над 2,7 милјарди евра, а досега се потрошени над 940 милиони евра.
И покрај потршената скоро една мијарда евра само еден од овие проекти е завршен. Кај четири проекти раскинати се договорите од кои за три има меѓународна арбитража и побарување за штета во вкупен износ од 45,5 милиони евра. За два проекти постои неизвесност поради изминат рок на градба.
Проектите се планираат по повеќе од 10 години, се обезбедуваат кредити па потоа не се гради според планираното се прават анекси и се испумпуваат пари од буџетот на РМ. Само за автопатот Кичево-Охрид кој што започна да се гради во 2014 година досега се направени анекси во износ од 180 милиони евра.
Левица во својата програма предлага формирање на Централна планска агенција која ќе ја превземе функцијата за капитални инвестиции од Министерството за финансии. Со ЦПА ќе раководи стручно лице кое ќе има мандат подолг од мандатот на пратенциите. Со тоа ќе се спречи досегашната практика на земање милионски кредити за наводно капитални инвестиции, кои никогаш нема да бидат завршени, а кредитите ќе треба да се враќаат со камати, наведуваат од партијата.