Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска донесе одлука со оглед на намаленото ниво на безбедносни предизвици, ризици и закани од терористички акт, да се укине црвеното ниво на безбедносни закани од тероризмот.
Мерките наредени согласно црвеното ниво на безбедносни закани од тероризам ќе завршат денеска во 19 часот, а ќе бидат префрлени на жолто ниво, што е умерен степен на закана од тероризам, соопшти МВР.
Во согласност со жолтото ниво на безбедносни закани, припадниците на Министерството за внатрешни работи ќе преземат зголемени мерки на претпазливост и внимание, со цел заштита на објектите од витално значење за Србија, клучните инфраструктурни објекти, трговските центри, кината, јавните објекти и местата на масовни собири.