Македонија останува една од ретките држави во Европа со неправичен даночен систем

Од:

Суштината на секој даночен систем е да обезбеди праведна и фер даночна политика за сите чинители во општеството. Дали ова е случај во Македонија? Одговорот, за жал, е НЕ!

Преку неодамна изгласаната Програма за работа на новата Влада предводена од ДПМНЕ и ЗНАМ, владејачкото мнозинство потврди дека ќе се води политика на рамни даноци кои одат во прилог на странскиот капитал, домашната олигархија и бизнис – елитата, блиска до партиите на власт, наведуваат од Левица.

Имено, данокот на добивка, со кој се даночат профитите на олигархијата, во Македонија изнесува 10% и претставува еден од најниските даноци во Европа. Само за споредба со некои од европските земји: Германија има данок на добивка од 29,8%, Франција има 25,8%, Шпанија има 25%, Италија има 27,8%, Грција има 22%.

И покрај тоа што во Македонија доходната нееднаквост како јаз помеѓу сиромашните и богатите е една од највисоките во Европа, сепак, постоечкиот даночен систем, не само што не ја намалува ваквата нееднаквост, напротив, ја стимулира и дополнително го зголемува овој јаз.

Освен што се задржува рамниот данок на добивка, новата власт во својата Програма предвидува и еден куп бенефиции и даночни ослободувања за странскиот капитал, со што државната каса останува да се полни само од индиректните даноци, како што е данокот на додадена вредност, чиј товар го носат обичните граѓани кои секојдневно купуваат добра и услуги за домашните потреби.

Левица апелира дека ваквата штетна даночна политика ќе удри по џебот на најсиромашните граѓани преку недоволни финансии во буџетот за социјални, образовни, научни и други програми во корист на општото добро. Задолжувањето ќе продолжи и понатаму преку разни заеми и кредити коишто веќе се највени од страна на Владата на ДПМНЕ и ЗНАМ, кои потоа ќе треба да ги враќаме сите ние.

Левица се залага за праведно оданочување и воведување на прогресивни стапки на данок на добивка, како и воведување на нов корпоративен данок на експлоатација за капиталистите и данок на луксуз, со што дополнително ќе се даночат енормно скапите т.н. луксузни добра, кои ги поседуваат и со кои се китат богатите, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Нова дивоградба во Чаир узурпира државно земјиште

А1он

Пратениците од Левица поднесоа интерпелација за претседателката на Комисијата за социјална политика Даути за законот за бранители

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Нашиот левичарски нарав е таков – за сестра се умира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство