Саксофонистот Андре Шнура, секако, покрај фудбалерите, стана една од ѕвездите на ЕУРО 2024.
Германскиот музичар со своето свирење ја обединува публиката на ЕУРО и шири позитивни вибрации.
Тој стана вистински хит и на социјалните мрежи каде постојано се споделуваат неговите видеа.
„Германскиот саксофон гуру кој ја обединува цела Европа на ЕУРО“, „Доведете го на финалната церемонија“, „Главниот на ЕУРО!“, се само дел од коментарите под видеата на кои може да се види како го крева расположението на фановите со неговиот саксофон.