Во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово со полесни повреди се здобил возач на камион

Од:

Поради превртување на товарно возило, камион со пумпа за бетон, на автопатот Скопје-Тетово од 19.45 часот сообраќајот на патниот правец е во прекин и се пренасочувал кон регионалниот пат помеѓу двата града.

Возачот на каминот се здобил со полесни повреди во сообраќајната незгода се случила на автопатот во близина на селото Групчин.

-Товарно моторно возило „МАН“ со тетовски регистерски таблици управувано од Ш.С.(46) од Тетово, изгубил контрола и излегувал од коловоз. Со телесни повреди се здобил возачот Ш.С. констатирани во Клиничка болница Тетово. Поради доведување во возна состојба на возилото за краток период сообраќајот бил пренасочуван преку регионален пат, информираат од СВР Тетово.

Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село