Ако Доналд Трамп знае како да ја заврши војната во Украина, не треба да го чека исходот од ноемвриските претседателски избори за да ги открие деталите, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Како новоизбран претседател, ќе ја решам војната меѓу Путин и Зеленски пред да ја преземам функцијата на 20 јануари“, рече поранешниот претседател Трамп за време на минатонеделното телевизиско интервју со актуелниот претседател Џозеф Бајден, пишува Политико.
Иако републиканскиот претседателски кандидат не ги откри јавно своите планови за Украина, тој постојано изјави дека завршувањето на војната ќе биде една од неговите први задачи доколку повторно стане претседател.