Иран првпат јавно го осуди холокаустот врз Евреите

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани го осуди холокаустот врз Евреите, во текот на Втората светска војна, како нешто што треба да биде прекорено.

Ова е првпат еден ирански претседател да го осуди злосторството на нацистите врз Евреите, што претставува нов знак за радикални промени во Техеран.

– Секое злосторство против човештвото што се случило во историјата, вклучувајќи го и криминалот на нацистите кон Евреите, е за осуда и треба да биде осудено, изјави претседателот Рохани во интервју за Си-Ен-Ен.

Според Рохани, Иран го осудува секое злосторството против Евреите, затоа што „одземањето човечки живот е срамно и за презир“.

– Нема разлика во поглед на одземањето на човечки животи, без разлика дали станува за христиајни, евреи, или муслимани. За нас тоа е се исто, забележа иранскиот претседател.

Сепак, Рохани во интервјуто за американската телевизија, во завиена форма го критикуваше создавањето на Израел, означен во Техеран како „стар непријател на иранската исламнска држава“.

– Холокаустот не значи дека може да речете, нацистите извршија злосторство против една група, па сега може да и се одземе земјата на друга група и таа да се окупира, рече Рохани.

Хасан Рохани беше избран за претседател на Иран во јуни оваа година, наследувајќи го на функцијата Махмуд Ахмединеџад, кој беше бескомпромисен критичар на Израел и го доведуваше во прашање постоењето на холокаустот.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он