На натпреварот против Словачка (2:1), англискиот фудбалер Џуд Белингем не беше во центарот на вниманието само поради својот спектакуларен гол.
Белингем во последните моменти од регуларниот дел од мечот со „ножичките“ го совлада Мартин Дубравка и обезбеди продолженија.
Сепак, прославата на голот беше скандалозна.
Камерите го снимија асот на Реал како испраќа бакнежи, наводно кон некој од словачката клупа, а потоа ја спушта раката до меѓуножјето и симулираше одредени „дејствија“.
💥 Jude Bellingham’ın attığı golden sonra Slovakya kulübesine yaptığı hareket! pic.twitter.com/PQyk1P3rSp
— 343 Digital (@343_digital) June 30, 2024
“Тоа е внатрешна шега упатена до блиски пријатели кои беа на натпреварот. Само почит кон Словаците за играта што ја прикажаа против нас”, изјави Белингем.
И покрај ова објаснување, на Белингем и понатаму му се заканува казна која би можела да ја изрече УЕФА.
УЕФА ќе ги чека официјалните извештаи од овој натпревар пред да донесе каква било одлука.
На санкции секако најмногу се надеваат Швајцарците кои в сабота играат против Англија во четвртфиналето на ЕУРО.