УХМР: Утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и град

Од:

Утре ќе преовладува променливо облачно време. Во раните утрински часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во среда и во четврток времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува
умерен до засилен северен ветер. Потоа се очекува стабилно и потопло време.

Би можело да ве интересира

Од денеска дожд, петок и сабота со поинтензивни врнежи

Температури до 27 степени денеска, од утре попладне врнежливо

Студено утро, сончев ден со температури до 25 степени

Променливо облачно и посвежо и денеска и во викендот, подобрување од понеделник

Облачно, дождливо и со снег на планините денеска, за празникот врнежливо

Катерина Ѓуровски

Сончево и тополо денеска, од четврток заладување