ВИДЕО: Ултраортодоксните Евреи фрлаа камења кон автомобилот на израелски министер

Од:

Протестите против регрутирањето на ултраортодоксните Евреи во израелската армија вчера станаа насилни. Демонстрантите ги нападнаа полицајците, но и автомобил на министер, соопшти локалната полиција. Демонстрантите фрлаа камења врз полицајците и автомобилот на министерот Јицак Голдкнопф, кој се враќаше во својот дом. Запалија и корпи за отпадоци и го блокираа автопатот.

Портпаролот на Голдкнопф потврди за Си-Ен-Ен дека полицијата го евакуирала министерот неколку минути по нападот и дека тој не е повреден. Голдкнопф е министер за домување и градежништво и лидер на еврејската партија Обединета Тора.

На видеата на социјалните мрежи се гледа како демонстрантите го опкружуваат автомобилот на министерот и удираат по прозорците. Ултраортодоксните Евреи протестираа на улиците на Ерусалим откако израелскиот Врховен суд во вторникот донесе одлука со која и нареди на владата да регрутира ултраортодоксни Евреи во армијата.

Од основањето на Израел, ултраортодоксните Евреи се ослободени од задолжителна воена служба.

Полицијата соопшти дека морала да употреби сила вчера за да ги растера демонстрантите откако тие ги игнорирале наредбите да си заминат. Уапсени се пет лица, од кои две за напад врз полицајци, а три за фрлање камења или други предмети, се вели во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег