Возачот на Мерцедес Џорџ Расел победи на денешната Формула 1 трка за Големата награда на Австрија.
Расел ја постигна втората победа во кариерата во Спилберг, по Бразил во 2022 година.
Тој победи по големата битка и дуел меѓу возачот на Ред Бул, Макс Верстапен и Ландо Норис од Мекларен, кој се судри во дуел во 64-от круг.
Тоа е прва победа за Мерцедес од октомври 2022 година и од трките во Бразил.
Второто место го зазеде возачот на Мекларен Оскар Пјастре, а трет Карлос Саинц од Ферари.
Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Мерцедес го освои четвртото место, а Верстапен беше петти.
Возачот на Хаас, Нико Хулкенберг го освои шестото место, седми беше Серхио Перез од Ред Бул, а осми Кевин Магнусен од Хас. Деветтото место го зазеде Даниел Рикиардо од тимот на РБ, а 10-ти беше Пјер Гасли од Алпино.
Следната трка во шампионатот се вози на 7 јули за Големата награда на Британија во Силверстоун.