(ВИДЕО) Митева: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се погрижи Македонија да биде земја со стабилен енергетски сектор

Од:

Владата на ВМРО-ДПМНЕ мандатот го започна со нови мерки и проекти. Покрај покачувањето на пензиите за 5000 денари, во правата недела од мандатот е најавена инвестиција од 450 милиони евра во Ветропарк во Источна Македонија. Ветропаркот ќе се простира на териториите на општините Карбинци, Штип и Радовиш и ќе се гради во 2026 година. Воедно, се очекува да произведува над еден терават часови електрична енергија годишно, што е 20% од актуелното производство на струја во државата, изјави Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Струјата која ќе биде произведена ќе биде доволна за со неа да се снабдат над 100.000 домаќинства. Ветропаркот ќе помогне кон енергетска транзиција како на земјата така и на регионот. Важно е да се потенцира дека оваа инвестиција ќе генерира 630 нови работни места и ќе го подигне БДП на државата за нови 100 милиони евра годишно. Ваквите инвестиции во енергетиката ќе продолжат и во иднина. Со овој тип на инвестиции владата ќе се погрижи да нема нови зголемувања на цената на струјата, што беше вообичаена пракса со владата на СДС и ДУИ, во чие време цената на струјата порасна за 50%. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се погрижи Македонија да биде земја со стабилен енергетски сектор и производство на струја кое ќе може да ги покрие домашните потреби. Исполнуваме. За тебе.

Во однос на денешниот конгрес на СДС би кажала само дека и по Заев, доаѓа Заев. СДС беше партија која самата некогаш се фалеше дека има над 100.000 членови, a веќе сега гледаме дека едвај 20.000 членови се регистрирани за гласање. Им посакуваме брзо да се реформираат по оваа катастрофална состојба во која се наоѓаат.

Мора да знаеме дека потребно е да се стави ред во хаосот што постои и во образованието, но и во здравството како еден од најважните ресори, и едно од задолжителните начини за да се оствари истото е да се направат строги критериуми кој може а кој не може да отвора катедри на фалултети, но исто така треба да бидат свесни сите дека нема да поминат низ иглени уши сите оние кои што сакаат да ги злоупотребуваат законите – рече Митева.

Би можело да ве интересира

Митева: Владата останува на ставот дека предвремени избори ќе нема

Владата се сомнева во искреноста на Османи кога дава предлози за решавање на проблемот со Бугарија

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Митева тврди дека не и пратеничка и портпаролка на Владата

Катерина Ѓуровски

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра