Во текот на вчерашниот ден во нашата држава на три места беше одбележано освојувањето на Македонија од страна на Караѓорѓева Србија при што главниот настан се одржа во Штип, а во контекст на Брегалничката битка помеѓу Србија и Бугарија. Овие настани кои очигледно веќе стануваат рутина се одбележуваат секоја година, а како главен настан е организирањето прослава под споменикот „Зебрњак“ во Куманово, се вели во соопштението од ВМРО-Народна партија.
„На овие одбележувања покрај стандардната „иконографија“ традиционално се установи името „Стара Србија“ или „Јужна Србија“ и терминот „ослободување“ на Македонија, а најкарактеристичниот дел е што во сето ова официјално зема учество и државата со самото тоа што на секој настан присуствува и македонската армија со македонското знаме.
ВМРО-Народна партија постојано укажува на тоа дека на секој од овие настани ниту еден таканаречен македонски патриот не реагира, така што можеме слободно да кажеме дека колку Македонија е посилна против бугарскиот диктат толку е поотворена и без никаков проблем го спроведува српскиот диктат во Македонија“, велат од партијата.