Во Швајцарија неколку лица се водат како исчезнати во кантонот Тичино на југоисточниот дел на земјата, по свлечиштето предизвикано од обилните дождови што од вчера зафати голем дел од алпската земја, соопшти полицијата.
Just days after floods and landslides killed one person, storm unleashes fresh flooding disaster in Zermatt #Switzerland#Zermatt #Flood #Europe #flashflood #Swiss #unwetter #storm #weather #climate #viral pic.twitter.com/GQtzqzn0iq
— Earth42morrow (@Earth42morrow) June 30, 2024
„Големата бура предизвика лизгање на земјиштето во регионот Фонтана, а неколку луѓе се водат за исчезнати“, соопшти полицијата во соопштението за печатот, без дополнителни детали.
Спасувачките операции се особено тешки поради лошите временски услови. Повикот за евакуација на куќите во близина на реката Меги е упатен рано утринава до жителите на Прато-Сорница и долината Магија, каде што се трага по исчезнатите лица.
Патиштата се отсечени, а камповите лоцирани покрај реката се евакуирани, соопшти кантоналната полиција. Водата го однела мостот и бил блокиран кантоналниот пат.
Струјата беше прекината во делови од регионот, а дел од кантонот остана без вода за пиење, според федералниот систем за тревога во Швајцарија.
Голем дел од Швајцарија од вчера попладне доживеа силни грмотевици придружени со многу обилни врнежи од дожд. Прелевањето на Рона и нејзините притоки, надојдени од поројните дождови и топењето на снегот, принуди на евакуација на неколку стотици луѓе и затворање на бројни патишта.
Минатиот викенд земјата веќе доживеа силно невреме и исклучителни врнежи, кои однесоа живот на најмалку едно лице, предизвикувајќи значителни штети на југоистокот од земјата.