Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека лицето кое го изврши терористичкиот напад пред израелската амбасада е Милош Жујовиќ (25), верско име Салахудин, преобратеник од Младеновац.
„Утврдено е дека лицето кое го изврши терористичкиот напад е Милош Жујовиќ (25), религиозно име Салахудин, преобратеник од Младеновац, кој се преселил да живее во Нови Пазар. Во продолжение на акцијата полицијата ќе изврши претреси на повеќе локации. Сите наши сили се на највисоко ниво на подготвеност“, рече министерот Дачиќ.